„Клиенти-Шетачи“

На обуките кои ги одржувам често ме прашуваат: Што да правиме со клиентите кои спаѓаат во групата на тн. „шетачи“? Имено, станува збор за клиенти, за кои што и да направиш, повторно нема да ви бидат лојални и ќе преминат кај некој од конкурентите, па потоа кај друг, итн. итн. итн.

Мојот совет е следниот: Не се секирајте премногу за нив. Дури и свесно оставете ги да заминат од кај вас. На тој начин, ќе ќарите по два основи:

  1. Вашата енергија нема да ја трошите за нив, туку истата ќе ја чувате за вистински лојалните клиенти и
  2. Ќе им ги препуштате „шетачите“ на конкурентите, за тие да се занимаваат со нив.

Се разбира, дополнителен бенефит е тоа што тие ќе имаат шанса да направат и споредба со конкурентските понуди, па дел од нив, откако и директно ќе се уверат во позитивните разлики на вашата понуда, по извесно време самите ќе се вратат кај вас.

А, потоа? Потоа, голема е веројатноста дека ќе ви останат трајно лојални!

Со успех, во градењето на вашата уникатна бизнис-приказна!

Игор Андреев