Business Tools Academy

Business Tools Academy (BTA)

Business Tools Academy (BTA) е програма за обуки чија цел е да помогне за зголемување на профитот на вашата компанија. Оваа академија е прва и единствена во Република Македонија која ви обезбедува корисни алатки за да најдете нови клиенти, да добиете идеи за нови производи и да ја подобрите продуктивноста на вашите вработени.

Академијата се состои од 11 посебни модули во кои се предвидено обуки за секоја од понудените 45 алатки. Времетраењето на обуката за една алатка е 2 часа, при што обуките започнуваат со дефинирање на алатката, нејзино објаснување и област на примена во секојдневното работење преку конкретен пример. Обуките завршуваат со примена на алатката од страна на вашите вработени за решавање на конкретениот бизнис проблем со кој што се соочувате во моментот. Дополнително, доколку за примена на алатката постои софтверско решение, ние ќе го презентираме и ќе ги обучиме вашите вработени за негово користење. Крајно, за секоја алатка добивате материјали во форма на упатство за нејзина употреба.

Вкупниот фонд на часови на Business Tools Academy изнесува 90 часа и е предвидено да се реализира во времетраење од 4 месеци. Академијата започнува секој јануари, април и септември. Вработените можат да учестуваат на целосната академија, или на секој од понудените модули според потребите на вашиот бизнис.

Секој модул помага при решавање на посебен проблем во секојдневното работење на вашиот бизнис. Обуките се реализираат по методологија на Skills Converged, UK и Edward de Bono, а се сертифицирани од ИМИ.





САМИ КРЕИРАЈТЕ СИ МОДУЛ!

Програмата е флексибилна и поделена во 3 категории алатки кои можете да ги изберете посебно, по сопствен избор согласно вашите потреби. Секоја алатка помага при решавање на посебен проблем во секојдневното работење на вашиот бизнис.
Ценејќи го вашето време, одлучивме да креираме обуки со кои на најбрз начин ќе добиете најголема вредност за вашите пари. Ви даваме единствена можност сами да си креирате модул од најмалку 3 алатки кои се прикажани во продолжение: