City Marketing Academy (CMA)

City Marketing Academy (CMA) е програма за обуки чија цел е да помогне за подобрување на работата на вашата општина или јавно претпријатие. Оваа програма е прва и единствена во Република Македонија која ви обезбедува корисни алатки за да привлечете нови инвеститори и туристи, да креирате атрактивна градска понуда, да го брендирате вашиот град и да ја зголемите продуктивноста на вашите вработени.

Програмата е флексибилна и поделена во три категории алатки кои можете да ги изберете посебно, по сопствен избор согласно вашите потреби. Секоја алатка помага при решавање на посебен проблем во секојдневното работење на вашата општина или јавно претпријатие.

ШТО ДОБИВАТЕ?

City Marketing Academy предвидува организрање обуки за секоја од понудените алатки. Обуките започнуваат со дефинирање на алатката, нејзино објаснување и област на примена во секојдневното работење преку конкретен пример. Обуките завршуваат со примена на алатката од страна на вашите вработени за решавање на конкретениот проблем со кој што се соочувате во моментот. Дополнително, доколку за примена на алатката постои софтверско решение, ние ќе го презентираме и ќе ги обучиме вашите вработени за негово користење. Крајно, за секоја алатка добивате матерјали во форма на упатство за нејзина употреба.

Ценејќи го вашето време, одлучивме да креираме обуки со кои на најбрз начин ќе добиете најголема вредност за вашите пари. Ова се деталите за реализација на обуките:

Времетраење на обуката за една алатка: 2 часа

ПРИМЕР НА МОДЕЛ ЗА ИЗРАБОТКА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА НА ГРАДОВИ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ ТУРИСТИ (фазите од моделот се исти и за изработка на маркеетинг стратегија за привлекување инвеститори, со соодветни прилагодувања)


Галерија