I nie imame strategija

И ние имаме стратегија

ИЗГОТВУВАЊЕ СТРАТЕГИИ И ДРУГИ СТРАТЕГИСКИ ДОКУМЕНТИ

Денес и компаниите, и градовите, и државите работат во многу динамично и несигурно окружување. Клиентите имаат полесен пристап до информации и поголеми очекувања за подобар квалитет на живот. Конкуренцијата е глобална и создава притисок за стратегиско размислување. Стратегиските документи произлегуваат од потребата за рамка во која ќе се развива компанијата/институцијата/општината во наредните 3-5 години. Стратегиите се гаранција дека компанијата/институцијата/општината ќе се движи во правилна насока, согласно потребите на клиентите.

МЕТОДОЛОГИЈА

Ние како институт помагаме при процесот на изработка на стратегии за институции од јавниот и приватниот сектор. Методoлогијата дава одговор на следните три прашања:

– Каде се наоѓа вашата компанија/институција/општина сега?

– Каде сакате да стигне во иднина?

– Како да стигне таму?

Нашиот пристап го дели процесот на три фази:

Фаза на анализа: Во оваа фаза ја анализираме актуелната состојба во екстерното и интерното окружување на компанијата/институцијата/општината. PEST анализата, анализата на конкуренцијата и др., се клучните алатки кои ги употребуваме за таа цел. Дополнително, ние практикуваме да изработиме и конкретно примарно истражување на клиентите/граѓаните со цел да добиеме информации за нивното задоволство од досегашната работа на компанијата/институцијата/општината. Со тоа се утврдуваат нивните клучни проблеми, потреби и приоритети, кои се од суштинско значење при изработката на стратегиските документи.

Фаза на почетно планирање: Врз основа на добиените информации од претходната фаза, изработуваме SWOT анализа со соодветни заклучоци.

Фаза на изработка: Во последната фаза ја утрврдуваме визијата за идниот развој на компанијата/институцијата/општината заедно со стратегиските области и приоритети.

Реализацијата на процесот се одвива во соработка со тимот составен од претставници на сите заинтересирани страни за работата на компанијата/институцијата/општината.

Важно е да се напомене дека оваа методологија се применува и при изработката на секторските стратегии во општините, како на пример стратегии за развој на претприемништво и мали и средни бизниси, образование, туризам, култура итн.

strategija