Turistite ti dodeluvaat zvezda

Туристите ти доделуваат ѕвезда

Проект: „Туристите ти доделуваат ѕвезда“

Општа цел: Да се помогне за зголемување на бројот на туристи во Република Македонија

Конкретна цел: Со мерење на задоволството на туристите, хотелите да ја подобрат својата конкурентност преку подобрување на нивната туристичка понуда

Активност

Главна активност на проектот е мерење на задоволството на туристите од целосната хотелска понуда во хотелите – партнери на проектот. Целосната хотелска понуда се состои од пет категории:

  1. Цена
  2. Целосна услуга за туристите
  3. Квалитет на сместување
  4. Лојалност на туристите

Бенефити за хотелите – партнери

Како резултат на проектот, секој од хотелите – партнери ќе добие по една дијамантска ѕвезда во онаа категорија за која што туристите ќе се изјаснат дека се најзадоволни која ќе може да ја користи во свои промотивни цели. Дополнително, секој од хотелите – партнери ќе добие и извештај со препораки за подобрување на својата понуда врз основа на мислењето на нивните гости.

Бенефити за останатите партнери

Исто така, пристап до извештаите ќе имаат и Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и партнерските општини со цел да имаат можност да превземат мерки за подобрување на туристичката понуда и привлекување повеќе туристи во иднина.