Шест правила за да започнете и успешно да водите профитабилен бизнис, кој долго ќе „трае“

Правило број 1: Треба да сте јаки и уникатни во нешто, (Фокусирајте се на вашите силни страни и вашата различност),

Правило број 2: Тоа во што сте јаки, мора да е појако во споредба со силните страни на постоечките конкуренти кои веќе постојат на пазарот, (Џабе сте јаки во нешто, ако тие се појаки од вас во истото),

Правило број 3: Мора да поседувате вештини и ресурси, вашите силни страни да ги претворите во конкретна пазарна понуда за определен производ/услуга, (Џабе сте појаки во нешто од постоечката конкуренција, ако тоа остане само на хартија и претставува материјал за фалби и билдање на вашето его пред „огледалцето“, роднините, пријателите, и сл.),

Правило број 4: Производот/услугата, кој е произлезен од вашите силни страни и вашата различност, мора да им е потребен, да го сакаат и да можат да го купат, доволен број клиенти на географскиот пазар каде имате намера да го стартувате бизнисот, (Џабе сте појаки и различни во нешто и џабе имате вештини/ресурси од тоа да направите одреден производ/услуга, ако истиот не го сакаат и/или не можат да го купат задоволителен број клиенти на пазарот),

Правило број 5: Производот/услугата, кој е произлезен од вашите силни страни и вашата различност и кој им е потребен, го сакаат и можат да го купат, доволен број клиенти на географскиот пазар каде имате намера да го стартувате бизнисот, мора, погледнато од клиентска перспектива, да има поголема вредност од оној кој го нудат вашите директни конкуренти, (Џабе сѐ претходно, ако според мислењето на клиентите кои се ваш таргет, конкурентските понуди имаат поголема вредност од вашата понуда),

Правило број 6: Запаметете го добро, правилото број 5…

Звучи премногу едноставно, нели?!. Сепак, имајте на ум и никогаш не заборавајте дека: „Едноставноста е најсложена!“

Со успех, во градењето на вашата уникатна бизнис-приказна!

Игор Андреев