Сте слушнале ли за тн. 80/20 правило? Независно од вашиот одговор, во продолжение ќе прочитате за изворната примена на правилото, но и за моите препораки како да се употреби неговата логика, за промена на животната филозофија во насока на водење поизбалансиран, а со тоа и среќно-успешен живот.
Continue readingКатегорија: Блог за личен развој
Блог за личен развој на претседателот на ИМИ Д-р Игор Андреев
Драги читатели,
Ве информирам дека на овој специјално креиран „блог за личен развој“, го стартувам пишувањето серијал од авторски текстови, кои верувам ќе резултираат со уникатниот македонски прирачник за личен развој со наслов „Брзај полека“, со кој ќе се обидам да ги проширам вашите хоризонти на размислување, во насока на пронаоѓање на формулата за лична среќа.
При тоа, според мене, не постои универзална дефиниција за среќа, туку потрагата по истата претставува индивидуален концепт и токму во ова се состои и специфичноста на мојот пристап. Најдобра потврда за ова се разликите во начините на кои луѓето го трошат своето слободно време, како најскапоцен ресурс во животот на секој човек. Имено, некој ужива да вози велосипед, друг да планинари, трет да чита книги, четврт да лови риби, петти да патува, шести да…
Всушност, за мене постои само соодветна филозофија на размислување и живеење, која доколку ја усвоите може да ви помогне да си го пронајдете и да патувате по сопствениот пат на личен раст, придружен со среќа, здравје, материјална и духовна исполнетост. И јас ќе сметам дека сум ја постигнал целта, доколку со овие текстови успеам да им помогнам во ова, барем на неколкумина од оние што истите ќе ги прочитаат.
Инаку, серијалот текстови се производ на сиот мој досегашен животен пат, исполнет со голем број падови и успеси, со искуства стекнати низ семејните случувања, играњето на улица, спортувањето, дружењето и сл., потоа низ процесот на формално и неформално инженерско и бизнис-економско образование, како и од разновидното професионално искуство, здобиено преку работа во приватен сектор и во сопствени приватни бизниси, политичките ангажмани и академското и консултантско искуство, но пред сѐ, како обучувач и тренер на над 1000 луѓе на разни теми, поврзани со личниот развој, претприемништвото, стратегиското размислување и сл.
Откако секој од поодделните текстови ќе се објави на блогот за личен развој, на официјалната веб-страна на ИМИ, истиот ќе биде споделен и на мојата лична фејсбук-страна. На крај, се надевам дека ќе следи и финална онлајн и печатена верзија на прирачникот, во која ќе се земат во вид и новите моменти, случувања, настани и сознанија, стекнати за време на процесот на пишување и објава на поодделните текстови.
Се читаме, а со дел од вас и гледаме на некоја од следните обуки и/или менторски сесии кои ќе следуваат наскоро!
Среќно, во потрагата по лична среќа!
Д-р Игор Андреев
Претседател на Институтот за маркетинг истражувања – ИМИ
Подолу следуваат сите досега објавени текстови од серијалот:
Сѐ е релативно…
Во овој текст решив да пишувам за една од теориите која го одбележа 20-тиот век и за нејзината поврзаност со концептот на успех и лична среќа. Според насловот, сигурно погодувате дека станува збор за Ајнштајновата теорија за релативност, чија „сложена едноставност“ е доказ за неговата генијалност и потврда на тоа дека „едноставноста, всушност е најсложена“. Или, долг и тежок е патот што треба да се изоди за да се стане и остане едноставен, и покрај професионалните и/или релациски (не)успеси, (не)стекнатите материјални богатства, социјален статус и сл.
Continue readingВнимавајте што ќе посакате. Може и да ви се оствари :-) !
Земајќи ги во вид сознанијата изнесени претходно, на крајот на првиот дел од овој текст се наметна прашањето „Што е тоа што, дополнително ни прави проблем и го намалува чувството на лична среќа кај повеќето од нас?“. Еден од можните и веројатни одговори произлегува од неспорниот факт, според кој, стекнувањето материјални добра и услуги одамна веќе не претставува само начин за задоволување на реалните потреби.
Continue readingДали имањето повеќе опции за избор, не прави посреќни или..?
Во текстот кој следува ќе пишувам за уште еден од ефектите произлезен како резултат на притисоците на опкружувањето во кое денес живееме, а тоа е сѐ поизразениот јаз кој постои помеѓу нашите неограничени желби, од една страна и реалните животни потреби и/или можности за нивно остварување, од друга страна.
Continue reading„Kорисни, наспроти „штетни“ споредби со останатите луѓе
Па така, ако не многу одамна, опкружувањето на мнозинството од нашите баби и дедовци го сочинувале членовите на нивните семејства, маалските и школските другари и евентуално пријателите во соседното маало, градот, максимум државата и/или регионот, опкружувањето во кое денес живееме е буквално целиот свет, благодарејќи пред сѐ на релативно евтиниот пристап до интернет, социјалните мрежи и мобилните телефони.
Continue readingУспех, наспроти среќа
Затоа, ќе направам напор за максимално проширување на темите за кои ќе пишувам, но, сепак тие и понатаму ќе останат со голем број отворени дилеми, по примерот на оние од славниот дијалог помеѓу легендарниот пејач на Битлси, Џон Ленон и неговите наставници, во кој на прашањето „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“, Ленон првично одговорил „Сакам да бидам среќен!“.
Continue reading21-ви век, век на неограничени можности, но и на милиони закани
Светот во кој живееме се менува драматично и со многу брзо темпо. Капитализмот и пазарната економија преку своите најзначајни сили, жестокиот конкурентски натпревар за освојување нови клиенти и остварување профит, доведоа до иновации кои за само неколку стотини години, радикално ги променија животите на луѓето….
Continue reading