ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ
Проектот „Гласот на родителите: истражување на степенот на задоволство на родителите од квалитетот на услугите во образованието во Република Македонија“ е значајна алатка и барометар за утврдување на квалитетот на општинското образование (покрај самоевалуацијата и интегралната евалуација).
Основната цел на проектот е да се добие реална слика за тоа во која мера училиштата во општината ги задоволуваат стандардите за квалитетно образование на учениците во основно образование.
Покрај тоа, ова истражување има за цел да придонесе:
- Да се определи Индексот на задоволството на родителите (Parents Satisfaction Index-PSI) од квалитетот на услугите во образованието, како најпопуларна мерка за прикажување на задоволството,
- Да се определи довербата и степенот на лојалност на родителите спрема училиштата во општината,
- Да се обезбедат податоци кои ќе му помогнат на општинското раководство да ги открие клучните приоритети (Priorities For Improvement-PFS) и генерално и за секое училиште поединечно, кон чија реализација треба да се насочат нивните напори за наредниот период, за да се подобри квалитетот на образовните услуги,
- Да се открие трендот на индексот на задоволство на родителите (доколку истражувањето се реализирало во неколку последователни години) и
- Да се направи споредба на индексите на задоволство на родителите, со оние општини кои се вклучени во проектот „Гласот на родителите“, каде според истата методологија е направено истражувањето.
МЕТОДОЛОГИЈА
Прашалникот се состои од 3 групи прашања и тоа:
- Прашања за демографските карактеристики,
- Прашања за степенот на задоволство од квалитетот на образовните услуги на училиштето и за лојалноста кон училиштето и
- Прашања за степенот на задоволство од поодделните карактеристики на „тоталната образовнa услугa“ на училиштето.
Прашањата од третата група за степенот на задоволството од поодделните карактеристики на „тоталната образовнa услуга“ на училиштето се групирани во 5 поголеми области (категории), кои се однесуваат на клучните аспекти од работата на училиштата и тоа:
За мерење на задоволството на испитаниците на сите 28 затворени структуирани прашања во сите области (категории), се употребува нумеричка скала со 10 степени, каде 1 означува многу незадоволен (разочаран), а 10 многу задоволен (воодушевен). На крајот на овој дел има и отворено прашање, на кое родителите сосема слободно можат да предложат дополнителни коментари и идеи за подобрување на квалитетот на образовниот процес во општината.
Определувањето на петте клучни области, како и на прашањата во рамките на овие области е направено врз основа на индикаторите за мерење на квалитетот на работата на училиштата, подготвени од страна на Државниот просветен инспекторат при Министерството за образование и наука на Р. Македонија, во соработка со Програмата на УСАИД за човеков и институционален развој.