Life Tools Academy (LTA)

LTA

Life Tools Academy (LTA) е првата и единствена сертифицирана академија чија цел е да помогне за стекнување на вештини неопходни за успех во 21виот век. Оваа програма е прва и единствена во Република Македонија која ви обезбедува корисни алатки за да ја отклучите вашата креативност, да отворите сопствен бизнис и да бидете поуспешни на личен план.

Академијата се состои од 8 посебни модули во кои се предвидени обуки за секоја од понудените 29 алатки. Времетраење на обуката за една алатка е 2 часа, при што обуките започнуваат со дефинирање на алатката, нејзино објаснување и област на примена во секојдневното работење преку конкретен пример. Обуките завршуваат со примена на алатката од ваша страна и за решавање на конкретениот проблем со кој што се соочувате во моментот. Дополнително, доколку за примена на алатката постои софтверско решение, ние ќе го презентираме и ќе ве обучиме за негово користење. Крајно, за секоја алатка добивате матерјали во форма на упатство за нејзина употреба.

Вкупниот фонд на часови на Life Tools Academy изнесува 58 часови и е предвидено да се реализираат во времетрање од 3 месеци. Академијата започнува секој февруари, мај и октомври. Учесниците можат да се пријавуваат за целосната академија, или за секој од понудените модули по сопствен избор.

Сите модули се реализараат по методологија на Skills Converged, UK и Edward de Bono, а се сертифицирани од ИМИ.



САМ КРЕИРАЈ СИ МОДУЛ!

Програмата е флексибилна и поделена во три категории алатки кои можете да ги изберете посебно, по сопствен избор согласно вашите потреби. Секоја алатка помага при решавање на посебен проблем во секојдневниот живот.

Ценејќи го вашето време, одлучивме да креираме обуки со кои на најбрз начин ќе добиете најголема вредност за вашите пари. Ви даваме единствена можност сами да си креирате модул од најмалку 3 алатки кои се прикажани во продолжение:


Галерија