Креирањето соодветната маркетинг стратегија и позитивен имиџ на градовите игра многу важна улога при носењето на одлуките за избор на општината/градот како локација за водење бизнис или посета од страна на потенцијалните инвеститори или туристи.
Токму, изработката на маркетинг стратегијата за брендирање на општините/градовите како креативен процес за дефинирање на целните групи инвеститори и туристи кои општината сака да ги привлече, како и на нејзините предности во однос на клучните конкуренти играат клучна улога во креирањето и раскажувањето на сопствената “приказна” со соодветна промоција преку сите комуникациски инструменти, вклучително и со изработка на слоган, лого и други визуелни и јазични елементи на брендот.
БЕНЕФИТИ ОД МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА
Како финален производ од овоје процес е изработка на маркетинг стратегија за идентификување и промоција на атрактивната бизнис и туристичка понуда на општината, која со помош на соодветна комуникациска стратегија треба да придонесе за креирањето на нејзиниот позитивен имиџ и зголемени можности за локален економски развој преку задржување на постоечките и привлекување на нови инвеститори и туристи.
МЕТОДОЛОГИЈА
Откако ќе се изработат три истражувачки проекти (на жителите, постоечките инвеститори и туристите), предвидено е да се одржат 4-5 фокус сесии со членовите на работната група. Детален опис на методологијата и моделот на изработка на маркетинг стратегија следи подолу:
ПРИМЕР НА МОДЕЛ ЗА ИЗРАБОТКА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА НА ГРАДОВИ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ ТУРИСТИ
Основни постулати на кои се заснова моделот се оние кои се однесуваат на воведување и правилна имплементација на системот на управување со тотален квалитет (TQM – Total Quality Management) од страна на локалните власти и тоа:
– правилната сегментација на целните групи инвеститори и туристи кои градот сака да ги привлече и анализа на конкурентските понуди, во функција на обезбедување атрактивна бизнис и туристичка понуда која ќе биде прилагодена на нивните специфични потреби и желби и ќе биде подобра од понудата на клучните конкурентски градови (инвеститорите и туристите да го добијат тоа што го посакуваат),
– испорака на вредност за инвеститорите и туристите, чии вкупни бенефити ќе бидат поголеми од вкуните трошоци што тие треба да ги направат за да ја добијат истата (пр.: цена, време, напор и сл.) (инвеститорите и туристите да добијат поголема вредност за своите пари),
– континуирано утврдување на приоритетите за подобрување (PFI – Priorities for Improvement) и унапредување на атрактивноста на бизнис и туристичката понуда на градот, врз основа на мислењето на инвеститорите и туристите, преку воспоставување систем за постојана, директна и двонасочна комуникација со нив (на сите можни начини) и мерење на степенот на нивно задоволство од бизнис климата и престојот во градот и
-примена на координиран маркетинг или максимална посветеност на сите заинтересирани страни кон континуирано подобрување на квалитетот на бизнис и туристичката понуда за да се зголеми задоволството (воодушевеноста) на инвеститорите и туристите кои имаат намера да инвестираат или да го посетат и/или веќе имаат инвестирано или еднаш го посетиле градот (тие треба да бидат најголеми бесплатни промотори и за привлекување нови инвеститори и туристи). Во таа насока, како особено значајна се издвојува улогата на постоечките инвеститори како и на локалното население и локалните мали и средни претрпијатија поврзани со развојот на туризмот (хотелите, рестораните, туристичките агенции и др.), при што посебно се истакнува значењето на тн. „жители во првата линија на фронтот“ или „the front-line citizens“ (такси-превозниците, рецепционерите во хотелите, келнерите во рестораните и др.) чии првични и чести контакти во најголема мера влијаат за креирањето на „првиот впечаток“ и воопшто за перцепцијата за градот во свеста на инвеститорите и туристите. За тоа, многу значајно е тие да ја разберат, прифатат и шират приказната за градот во согласност со утврдените стратегиски насоки.
Од овие причини, носители на процесот треба да бидат членовите на работната група во која ќе бидат вклучени сите заинтересирани страни за развој и промоција на градот како атрактивна бизнис и туристичка дестинација, а консултантот треба да претставува модератор и насочувач на целиот процес во кој се предвидени серија фокус –сесии и тоа како со членовите на работната група, така и со останати чинители, доколку се процени дека за тоа има потреба.