Цели

Општа цел

Да придонесе за развој на економијата во Република Македонија и зголемување на конкурентноста преку промовирање на важноста на маркетинг концептот и примената на маркетинг истражувањата во работата на субјектите од приватниот и државниот сектор.

Специфични цели

Специфичните цели на ИМИ се да:

  • Да се реализираат маркетинг истражувања за потребите на приватниот и јавниот сектор,
  • Да се реализараат истражувачки проекти за мерење на задоволството на клиентите/граѓаните,
  • Да се поттикне примената на маркетиншката ориентација од страна на сите субјекти во приватниот и јавниот сектор,
  • Да се подготви методологија за пресметување на индекс на задоволство како квалитативен индикатор за квалитетот на живот,
  • Да се придонесе за зајакнување на свеста кај потрошувачите за нивните права и обврски при купувањето и консумирањето на различни производи и услуги и
  • Да се реализираат социолошки, демографски и останати општествени истражувања во интерес на развојот на пазарните и демократските процеси.